Бугарската Влада одобри проект-договор за донација на 51 480 вакцини Pfizer-Biotech за РС Македонија
Бугарската влада го прифати проектот-договор за донација на 51 480 вакцини Pfizer-Biotech против COVID-19 за РС Македонија, јавува БГНЕС.
Бугарија, РС Македонија и Pfizer-Biotech треба да потпишат еден трилатерален договор, а РС Македонија треба да потпише договор со Бугарија како основ за водење на преговорите за донацијата.
Сите трошоци за доставата на вакцините од Pfizer-Biotech ќе бидат покриени од РС Македонија.

