| |

Бугарската заедница во Комодоро Ривадавија го пречека научноистражувачкиот брод „Св. св. Кирил и Методиј“

Со изложба и концерт бугарската заедница во аргентинскиот град Комодоро Ривадавија на 24 февруари го пречека научноистражувачкиот брод „Св. св. Кирил и Методиј“ (НИК 421), кој се враќа од бугарската научна база на островот Ливингстон на Антарктик, јавува БНР.

Претставници на бугарската заедница, на бугарското друштво „Кирил и Методиј“ во Комодоро Ривадавија и локалните власти свечено го пречекаа екипажот и научниците од НИК 421, кој се закотви во пристаништето. Претседателката Ценка Генова нагласи дека бугарскиот брод го носи истото име како и друштвото, кое е најјужното бугарско друштво во светот. „Ние сме малку, но правиме многу бучава“, рече со насмевка Генова.

Во културниот центар во Комодоро Ривадавија беше претставена изложба со цртежи на деца од бугарската заедница, инспирирани од антарктичките експедиции на Бугарија, како и фотографска изложба со снимки од градот пред 100 години и денес. Потоа, повторно во Културниот центар, беше одржан концерт на бугарски и аргентински фолклорни состави, во кој учествуваа бугарските фолклорни групи и музичката група „Орфеј“.

Во Комодоро Ривадавија живеат околу 2000 потомци на Бугари. Тоа е најголемиот град во централниот дел на аргентинскиот залив Сан Хорхе и во покраината Чубут. Неговото население е околу 180 000 жители.



Слични Објави