Бугарски европратеник: Додека правата на Бугарите во РС Македонија не бидат заштитени, нема да има решение или компромис со Скопје

//

„Додека правата на бугарските државјани во РС Македонија не бидат заштитени, нема основ за друго решение или компромис. Тоа е намерата и на бугарската Влада и не очекувам да се случи нешто поразлично. Тоа што може да биде направено е враќање на дијалогот, конкретни ангажмани, создавање на патоказ, за да може Бугарија да даде „зелено светло“ за одржување на првата меѓувладина конференција за РС Македонија“, вели бугарскиот европратеник од редовите на Прогресивната алијанса Петар Витанов во емисијата „Брисел 1“ на телевизијата BgOnAir.

Според европратеникот претходните бугарски влади пропуштиле многу време во кое да работат поактивно во сферата на културата, економијата, транспортот, но нема како сега да се направи компромис со човековите права на Бугарите во РС Македонија.

Витанов е дециден дека Владата на Бугарија нема како да отстапи од таа тема бидејќи истата е фундаментална за целата Европска Унија и никој не прави компромиси со неа.



Претходна статија

(Видео) Коридор 8: Стоп за домашното насилство- Биди храбра!

Следна статија

(Видео)Радев: Правата на Бугарите во РС Македонија е прашање од исклучителна важност за Бугарија

Најново од Вести