Бугарски пожарникари помагаат во гаснењето на пожарите во Шпанија
Бугарски тим за гаснење на шумски пожари им помага на шпанските власти во справувањето со огнената стихија кај селото Тоириз, во близина на куќите во населеното место, јавува БТА.
Екипата е распоредена во Шпанија преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, а во Бугарија треба да се врати на 31 јули.
Шпанските служби соопштија дека е постигнат значителен напредок во гаснењето на неколку разорни пожари. „Веќе гледаме светлина на крајот од тунелот“, изјави премиерот Педро Санчез по состанокот на кризниот комитет во Мадрид.

