Национален статистички институт на Бугарија: Повеќе од 33 илјади Бугари ја посетиле Северна Македонија во јуни
Во јуни 2026 година, Северна Македонија ја посетиле 33.900 бугарски граѓани, со што земјава се најде меѓу десетте најпосетувани странски дестинации од Бугарите, покажуваат прелиминарните податоци на Националниот статистички институт на Бугарија, пренесува БГНЕС.
Во истиот период, 27.500 граѓани на Северна Македонија ја посетиле Бугарија, со што и тие се вброиле меѓу десетте најбројни групи странски посетители во земјата.
Вкупно 986.800 бугарски граѓани патувале во странство во јуни, што е зголемување од 4,6 отсто на годишно ниво. Истовремено, Бугарија ја посетиле 1.424.100 странски државјани, или 0,2 отсто помалку во споредба со јуни 2025 година.

