Бугарски пожарникари заминуваат за Грција за да помагаат во гасењето на големите шумски пожари таму
Бугарска копнена противпожарна единица со возила денеска заминува за Грција и ќе пружи помош во справувањето со големите шумски пожари што се случија во таа земја.
Единицата се очекува да тргне околу 16:00 часот од реонот на градот Карџали преку пунктот „Маказа“ за Република Грција, соопшти МВР. Единицата ја сочинуваат 5 противпожарни возила, 2 комбиња, оперативно возило и 36 пожарникари од РДПБЗН – Ќустендил, Благоевград, Габрово, Шумен и СДПБЗН.
Раководител на тимот е директорот на РДПБЗН – Благоевград, комесарот Валентин Христов Василев, заменик-началник е главниот инспектор Радослав Стефанов од Регионалната дирекција за заштита од пожари и заштита на населението Габрово. Се очекува бугарските пожарникари да им помогнат на грчките копнени противпожарни екипи во реонот на градот Александропулис.