| |

Јотова: Бугарија треба да ги купи предметите на бугарското царско семејство од Сотбис

На почетокот на ноември на аукција ќе бидат понудени предметите на бугарскиот цар Фердинанд I, неговата сопруга кнегиња Марија-Луизa и нивните деца, јавува БГНЕС.

Предметите што му припаѓале на бугарското царско семејство мора да бидат вратени кај нас. Ова го изјави потпретседателката Илијана Јотова на прашањето на БГНЕС дали Бугарија треба да ги откупи овие важни артефакти за бугарската историја и да ги изложи во своите музеи за да бидат достапни за сите бугарски граѓани.

„Без разлика што нема многу средства во државата, мислам дека овие предмети треба да се прибрани кај нас. Тие се дел од бугарската историја и би го збогатиле не само секој музеј во земјата, туку и би ја раскажале историјата на Бугарија со предмети и накит. Впрочем, ова е нашето сеќавање“, рече потпретседателката Јотова.

На прашањето на БГНЕС дека Бугарија веќе има БДП од над 100 милијарди евра, а понудените предмети чинат околу 2 милиони швајцарски франци, значи дека има пари во земјата, Јотова одговори: „Се надевам дека нема да се соочиме со невнимание на институциите и бирократијата“.

БГНЕС потсетува дека на почетокот на ноември ќе бидат понудени на аукција предмети на царот Фердинанд I, неговата сопруга кнегиња Марија-Луиза и нивните деца. Тие биле дел од колекцијата на најмалото дете на царот, принцеза Надежда, чии наследници сега ги продаваат преку аукциската куќа Сотбис.



Слични Објави