|

Притвор за полицаец кој давал информации на криумчари на мигранти

МВР поднесе кривична пријава за оддавање службена тајна против 24-годишен полициски службеник, со иницијали С.К. од Неготино.

Од МВР велат дека полицаецот давал информации на криумчари на мигранти каде што има полициски патроли или ако тој бил на задача свесно ги пропуштал.

Негитинецот бил лишен од слобода и предаден во Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал.

На 24-годишниот полицаец му е одредена мерка притвор.



Слични Објави