ВО АТЛАНТА Е ВОВЕДЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ЗАРАДИ НЕМИРИТЕ ПО УБИЈСТВОТО НА ЏОРЏ ФЛОЈД

/

Гувернерот на американската држава Џорџија Брајан Кемп прогласи вонредна состојба, за да се мобилизира Националната гарда со цел да се смират насилството во градот Атланта, што изби по убијството на Џорџ Флојд во градот Минеаполис, државата Минесота, информира „Асошејтед прес“.

Кемп преку социјалната мрежа Твитер соопшти дека 500 припадници на Националната гарда се распоредени во градот, за да ги заштитат луѓето и нивниот имот во Атланта.

Кемп додава дека неговата одлука доаѓа по молба на градоначалничката на Атланта, Кејша Ланас Ботамс.

Досега во Атланта беше запален еден ресторан, неколку коли беа искршени, според непотврдени информации по време на немирите се повредени тројца припадници на полицијата.



Претходна статија

ШЕКЕРИНСКА СО ОБИД ДА ЈА ОБЈАСНИ ФОТОГРАФИЈАТА ПРЕД ЗНАКОТ НА УЧК

Следна статија

ПОДКАСТ НА „СЛОБОДАР“: ЕКОНОМСКА НЕЕДНАКВОСТ И ЗЛАТНИ ВРЕМИЊА (2ДЕЛ)

Најново од Вести