ГДУ- ШТИП: ИМА ЛИ КРИМИНАЛ СО ПРОЕКТИТЕ ЗА БРАНА НА РЕКА ОТИЊА?

//

„Јавното обвинителство да започне постапка и да провери дали има криминал со проектите за брана на река Отиња во кои се исчезнати стотици илјади евра а проектот пак не е како што треба.

Почитувани штипјани, проектот за браната на река Отиња бил со недостатоци, така ни објасни Сугарески.

Г. Сугарески, проектот е изработен од градежен факултет Скопје, потоа во еден мандат на ВМРО-ДПМНЕ се платени пари неколку десетици илјади евра за ревизија на тој проект и сега пак не чинел, нови 200 000 евра ќе прибере некој за да прави нова ревизија на веќе ревидиран проект. Што е многу, многу е.

Јасно е дека идејата е некој да ги апсорбира тие 200 000 евра за „ветер и магла“ и тоа е вистината.

Зошто Јавното обвинителство по допрен глас не започне постапка против тие кои платиле со пари на граѓаните за неквалитет проект?



Која е фирмата која правела ревизија на проектот, а не си ја завршила работата за која зела десетици илијади евра пари на граѓаните и дали е блиска до сегашно раководство на некој од челниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ па по старата шема си ќутат и двете партии?

Гледаме колегите од ВМРО-ДПМНЕ реагирале за браната, само да ги потсетиме дека уште кога Миташев беше градоначалник на Штип во неговата кампања ветуваа брана, па после и во сите кампањи близу 20 години. Единствено што направија во нивно време е ревизија на проектот за стотици илјади евра и ништо друго, истото што се спремаат и СДСМ да го направат денес“, се вели во соопштението на ГДУ-Штип.



Претходна статија

ДИК: ИЗБОРИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ СОГЛАСНО ИЗ, А ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК МОРА ДА СЕ ПРЕРАБОТИ

Следна статија

ФИЛИПЧЕ: ЌЕ БАРАМЕ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА

Најново од Вести