Во „Рајко на пладне“

//

Пишува: Ѓорѓи Трендафилов

(Во очекување на разрешување на дилемата: велешанец побрзо ќе стаса до Софија со воз, или со Маск до Марс?) – и во двете варијанти, битолчани немаат шанса, барем според кладилниците во Лондон.)

Некои „патриоти„ ми велат – 8 години (осум години) Шкодране цица народни пари од Клинички Центар, плус докторат на лепе очи, плус мести тендери, плус управен одбор на Телеком. За на крај она да потсетувала дека чизмите и биле на кров!?

– Наравоучение, галиба, имам сериозен проблем со годините, и тоа е само мој проблем!? Се разбира, Димитров Јуниор пак ќе биде изненаден од од овој анти-еу,анти-нато…по ѓаволите, аман од Бугариве! И додека го очекувам „римејкот на ултиматумот – Точно на пладне„ чија премиера е предвидена за 14:30 h -не ме прашувајте мене, – во мојот Велес,а и ширум мојата потесна и поширока татковина, согласно партиската директива, секој кмет ќе „стартува„ со најмалку три проекти„!? Па така, онаа непартиска и небугарска градоначалничка на Скопје (или беше обратно, бугарската и партиската…) до среда од Скопје ќе направи Берлин. И од Градско, Токио. А од Струмица, со сета таа „медицинска марихуана„ ете не во Летото на љубовта!

А не сме ниту во Калифорнија, ниту сме го нападнеле Виетнам. Барем јас не сум разбрал!? Нејсе, можеби и сме го нападнале,а? …

И додека јас се мислев каде и кому да се обрататaм за поддршка( имено, јас и мојот креативен тим,составен од исклучиво проеу,пронато и пропатриотски дизајнери,го склопивме првото тавче со дршка на овие „простори„) делови од „нашата„ политичко-партиска каста, гордо ги рекламираа „мишките„ во East Gate,нешто како во стилот на „праизведба„ на Casino Royale. Признавам, јанѕа ме јаде, ако налетам на „носител на патна исправа со пол Х, во кој тоалет да го упатам!? Како што нема никакво упатство за третманот на болните од Ковид, нема упатство и на лицата со пол Х. Венко, Мила, Радмила, Немила…било која?



А мојот пријател Спиро се загрижил за трафото во РЕК. Море Спире, луѓено на генератор ги „луфтираа мишките„ таму ги имаше секакви, малку од нивните, малку од твоите, за жал, не видов од моите, а ти за мостот ги прашуваш оние што Вардар ги носи!? (Ова со Вардаров не брзајте, да почекам година,две, дур Инспекторатот на Министерството за локална самоуправа не се произнесе) Милина една, на централно ниво, со Владата до „гроп„ на локално, ФФМ лопови! (се извинувам за скопјанизмот) Ноември е интересен месец. За овој некои велат дека е малку потопол од вообичаеното.

Но, за Шкодране, (ликот од почетоков на писаниево) нема зима ниту во поладен ноември. Си ги има таа (и на неа сличните) антихероите од Будим, Муртино, Пешта, Велес, Куманово…далечниот Перт, блиската до нам Женева… Но, да не помисли некој дека ширам дефетизам меѓу „работничката класа и свесното граѓанство на Република Северна Македонија„ , напротив, верувам дека сиот наш „антифашистички фронт„ зас(ра)тана за решителното НЕ на Македонски Телеком и на прогресивната порака од братските Обединети Арапски Емирати , имено, на сите „неверници од христијанската заблуда„, според наредбата на шеикот Калифа Зајед ал Нахаџан, во иднина нема да им се сечат главите или други помалку небитни делови од телото. И речете дека ова не е победа, меѓудругото, и на добро омажената Урсула фон дер Лајен и на многу добро равзеденото момче што бдее над „благосостојбата на ЕУ„.

До скоро и во стилот на Алан Форд и останатите „наивни реакционери„ – Смрт на народот, слобода на фашизмот!

Претходна статија

(Видео) На Задушница пред бугарското воено гробиште во Цапари, битолско

Следна статија

Зaдушница како презир

Најново од Истакнато