ЕК: РСМ мора да го смени Уставот, ако сака да влезе во ЕУ
Очекуваме Република Северна Македонија да ги изврши уставните измени за да продолжи со преговорите за влез во Европската Унија. Ова го изјави портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, јавува БГНЕС.
„Северна Македонија е во првата фаза од преговорите, скринингот. Сѐ се одвива непречено и очекуваме, процесот да заврши оваа есен. Следниот чекор што го очекуваме се измените на Уставот што земјата е должна да ги направи доколку сака да продолжи со пристапните преговори“, изјави Писонеро.
