| |

Бугарски професионалци во Бостон ќе разговараат за кариерните можности во САД

Првата панел-дискусија на Bulgarian Professionals Network, посветена на професионалниот развој и кариерните можности во САД, ќе се одржи денеска, 15 ноември, на Универзитетот „Нортистерн“ во Бостон, соопшти Генералниот конзулат на Бугарија во Њујорк на својата фејсбук-страница, пренесува БТА.

Настанот ќе трае од 14 до 16 часот по локално време, а ќе го отвори проф. Марија Иванова, директорка на Школата за јавни политики и урбани прашања при универзитетот.

На дискусијата ќе учествуваат Деница Ватева-Виртл, менаџерка за корпоративно сметководство и управување со парични средства во Northbridge Companies, Румен Христов, коосновач на Emerald Innovations, и Руми Павлова-Плотник, заменичка на помошник-комесарот во Одделот за јавно здравје на сојузната држава Масачусетс.

Тие ќе ги споделат своите професионални искуства, предизвиците и можностите со кои се соочиле при градењето кариера во САД. Предвидена е и дискусија со публиката.

Генералниот конзулат ја поздрави иницијативата, која ги поттикнува професионалните контакти, размената на искуства и градењето силна бугарска заедница во Бостон и регионот.

Слични Објави