„Стандард енд Пурс“ го потврди рејтингот на Бугарија, со стабилна перспектива
Меѓународната рејтинг-агенција „Стандард енд Пурс“ ја ревидираше перспективата за долгорочниот кредитен рејтинг на Бугарија на стабилна и ги потврди долгорочниот и краткорочниот рејтинг на „BBB+/A-2“, соопшти бугарското Министерство за финансии.
Ревизијата се должи на влошувањето на буџетските показатели и показателите на надворешниот сектор. Агенцијата ја зголеми прогнозата за буџетскиот дефицит за 2026 година на 5,1 отсто од БДП, со очекување постепено да се намали на 3 отсто во 2029 година. Послабиот извоз и зголемениот увоз придонеле и за поголем дефицит на тековната сметка.
За годинава се прогнозира економски раст од 2,8 отсто, поттикнат од потрошувачката и инвестициите финансирани од фондовите на ЕУ. Во периодот 2027–2029 година се очекува просечен реален раст од 2,6 отсто.
Потврдата на рејтингот ги одразува стабилните биланси на јавниот и приватниот сектор. Агенцијата би можела да го зголеми рејтингот доколку се намалат надворешните нерамнотежи, или да го намали ако не напредува буџетската консолидација.
