ШПАНИЈА ИТНО ЌЕ ГО РАТИФИЦИРА ПРОТОКОЛОТ ЗА ЧЛЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО

//

Комитетот за надворешни работи, на предлог на Бирото (претседателство) на шпанскиот Конгрес, ја прифати иницијативата за отпочнување итна процедура за ратификација на Протоколот за членство на Македонија во НАТО, јавува 360 степени.

Според актите што се објавени на официјалната веб-страница на Конгресот, Бирото ја донело оваа одлука вчера, со барање до Комисијата ургентно да го авторизира овој меѓународен договор.

Во документ потпишан од генералниот секретар на Конгресот се назначува дека постапката треба да биде итна, а актот по добиеното позитивно мислење треба да биде објавен во Службениот весник на Конгресот. Рокот за поднесување предлози или амандмани на текстот на документот трае до утре.

Веднаш по овој чин, Пристапниот протокол за Северна Македонија да оди на одобрување на пленарно заседание на Конгресот.



Ако Протоколот го добие потребното мнозинство, тој ќе биде проследен до Сенатот.

Следна фаза е негова потврда пред сенатската Комисија за надворешна политика за конечната одлука на пленарна седница да ја донесен Сенатот.

Дури тогаш Шпанија ќе може да го депонира ратификацискиот инструмент во депозитарот во Стејт департментот во Вашингтон и со тоа да го заокружи процесот на потврда на членството на Северна Македонија во НАТО.



Претходна статија

БОНУС ПЛАТА ВО МВР

Следна статија

ЧУЛЕВ: ДОСТАВИВМЕ ДОКАЗИ ДЕКА ВРАБОТЕНИ ВО МВР ЈА ЗЛОУПОТРЕБИЛЕ СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА

Најново од Вести