Груби – Кундурос: Создадени се одлични услови за натамошно унапредување на односите меѓу двете земји
Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби денеска оствари средба со амбасадорот на Република Грција во Скопје, г. Русос Кундурос.
Амбасадорот Кундурос и првиот вицепремиер Груби се согласија дека веќе се создадени одлични услови за натамошно унапредување на односите меѓу двете земји, како во областа на енергетиката и економијата, така и во сите други области кои се важни и за доброто на граѓаните на нашите две земји.
Првиот вицепремиер Груби и амбасадорот Кундурос заеднички констатираа дека решавањето на спорот меѓу Република Северна Македонија и Република Грција со потпишувањето на Преспанскиот Договор, отвори големи можности за развојот на односите меѓу двете земји.
На оваа средба Груби и Кондурос разговараа и за регионалните актуелности, особено за отворените спорови во Западен Балкан.
Груби и Кундурос на крајот на оваа средба заедно заклучија дека Република Северна Македонија и Република Грција преку билатералното пријателство веќе промовираат стабилност на целиот Западен Балкан.