Бугарски средношколци освоија четири медали на Меѓународната олимпијада по географија во Тајланд
Најдобрите бугарски ученици по географија постигнаа извонреден успех на 21-та Меѓународна олимпијада по географија (iGeo), која се одржа од 26 јули до 1 август во Тајланд, со учество на средношколци од над 50 држави од целиот свет. Бугарскиот тим освои три сребрени и еден бронзен медал, што претставува едно од најуспешните учества на земјата во историјата на оваа престижна олимпијада, јавува БНР.
Сребрени медали освоија Звездемир Пенев (11 одделение) и Николај Костадинов (12 одделение) од Математичката гимназија во Варна, како и Борис Донков (11 одделение) од Националната природно-математичка гимназија во Софија. Бронзен медал освои Кристијан Петров (12 одделение) од гимназијата во Казанлак.
Тимот беше предводен од д-р Калојан Цветков и доц. д-р Димитар Желев од Геолошко-географскиот факултет при Софискиот универзитет.
