Бугарски ученици во 2021 г. добиле дури 79 медали на олимпијади по природни науки
Младинците од Здружението на олимписки тимови од природни науки во Бугарија продолжуваат да ги докажуваат своите способности пред целиот свет, освојувајќи престижни медали. Во 2021 година нивните достигнувања беа докажани на 16 престижни натпревари – меѓународни, европски и балкански олимпијади по хемија, физика, компјутерски науки, математика, биологија, лингвистика, астрономија и астрофизика. Во текот на изминатата година, бугарските национални олимписки тимови по природни науки освоиле вкупно 79 медали, од кои 13 златни, 30 сребрени и 36 бронзени, како и една признаница.
За споредба, во 2020 година бројот на награди е 53 (од кои 8 златни), а во 2019 година – 76 медали (меѓу нив 12 златни). Од 1959 година, кога се одржала првата Олимпијада – онаа по математика, Бугарија има добиено повеќе од 1.100 награди.
Бугарските репрезентативци тренираа, се подготвуваа и се натпреваруваа во несекојдневна атмосфера. Иако домаќинствата од Европа и Азија беа само виртуелни, тоа не ги спречи најдобри ученици достојно да ја претставуват Бугарија. Свеченото отворање и доделувањето на наградите се одржале на онлајн платформите, а медалите биле доставени по пошта, а добиените заслужени награди говорат сами за себе.
Со овие светски признанија, бугарските ученици повторно ја ставија Бугарија на светската мапа на идните надежи во областите на различни научни дисциплини. За да продолжат со нивниот развој и напредок, тие се поддржани од најголемата добротворна иницијатива на Виваком – Операција „Жолти стотинки“, чие 10-то издание е моментално е во тек и ќе трае до крајот на јануари годинава. Собраните средства ќе бидат донирани на Здружението на олимписки тимови во природни науки (SOOPN). Тие ќе се користат за обуки, лабораториски часови, обезбедување предавачи, развивање на задачи и специјализирана обука во соодветните научни дисциплини.