Јавна обвинителка нападната од полицајка во Битола

/

СВР-Битола информира дека во текот на вчерашниот ден се случил иницидент во Основното јавно обвинителство во Битола и притоа била нападната jавната обвинителка Ж.К.Б од страна на полициска службеничка.

– Вчера во СВР – Битола Ж.К.Б., вработена како Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство – Битола пријави дека околу 14 часот, додека била на работното место, по претходно недоразбирање со С.К. околу записник за дадено сведоштво, С.К. почнала агресивно да се однесува и во обид да го одземе предметот, го искинала и ја повредила Ж.К.Б.. Веднаш потоа С.К. од страна на полициски службеници од Основен суд е отстранета од просториите на обвинителството, стои во соопштението.



С. К. е полицајка од СВР Битола, која не извршувала работна задача во критичниот момент.

Претходна статија

Бугарски ученици во 2021 г. добиле дури 79 медали на олимпијади по природни науки

Следна статија

PCR тест за децата од 12 до 18 г. што влегуваат од РС Македонија во Бугарија

Најново од Вести