|

PCR тест за децата од 12 до 18 г. што влегуваат од РС Македонија во Бугарија

„Од среда, 19 јануари, децата на возраст од 12 до 18 години кои пристигнуваат во Бугарија од „црвената зона“ се пропуштаат на бугарска територија по прикажување негативен резултат од PCR тест направен до 72 часа пред влезот во земјата. Ова мора да биде потврдено со валиден ЕУ дигитален сертификат за COVID тестирање или сличен документ“, стои во наредбата на министерката за здравство на Бугарија проф. Асена Сербезова издадена денеска.

Доколку не приложат таков документ тие ќе бидат ставени во 10-дневен карантин. Карантинот може да се прекине доколку лицето направи PCR тест не порано од 72 часа по пристигнувањето во земјата.

Потсетуваме дека досега се бараше децата од 12 до 18 години, кои пристигнуваат од „црвената зона“, како и возрасните, при влез во Бугарија да обезбедат негативен резултат од тестот, заедно со документ за вакцинација или дека ја прележале болеста.

Документите за КОВИД-19 не се потребни за деца под 12-годишна возраст, без оглед на областа од која доаѓаат.

Списокот на земји по зони исто така ќе биде ажуриран од 19 јануари и „Црвената зона“ ќе ги опфаќа Австрија, Република Северна Македонија, Србија, Турција, Унгарија, Луксембург, Израел, Кувајт, Гренада, Гренланд, Катар, Кралството Бахреин, Либанската Република и Република Гвајана.



Слични Објави