ИЗВЕСТУВАЧОТ НА ЕП ЗА РС МАКЕДОНИЈА БУГАРСКИОТ ЕВРОПРАТЕНИК ИЛХАН ЌУЧУК ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО БУЈАР ОСМАНИ
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе се сретне известувачот во Европскиот парламент за Република Македонија, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, кој е во дводневна посета на земјава.
„Посетата се реализира во пресрет на гласањето за Нацрт-резолуцијата за Република Северна Македонија во Комитетот за надворешни работи во рамките на Европскиот парламент, што ќе биде и централна тема на сите средби. Ќе бидат отворени европските перспективи на земјава, како и севкупните состојби со процесот на проширување на Унијата, информираат од Министерството за надворешни работи.
Во рамките на посетата на земјава, освен со министерот за надворешни работи Османи, Ќучук ќе се сретне со шефот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, претставници на парламентарните групи и со други државно-политички претставници.