Околу роденденот на познатиот бугарски писател Димитар Талев (1 септември), бугарските медиуми го поставија прашањето за судбината на неговиот дом во градот Прилеп.
За димензиите на Талев во модерна Северна Македонија и неговото наследство, „Радио Бугарија“ побара мислење од македонскиот новинар Владимир Перев, кој исто така е роден во легендарниот Прилеп пред 77 години. Иако израснал и живеел во Титова Југославија, Перев никогаш не се откажал од своите бугарски корени. Денеска тој е дециден дека бугарското културно наследство во градот не е ограничено само на судбината на куќата Талеви:

„Верувам дека времето што следи ќе отвори нови процеси и дека одредени културни, историски места поврзани со бугарскиот национален дух во Македонија и во Прилеп, конкретно во мојот Прилеп, ќе бидат заштитени. Или ќе се купат, или прашањето за нивното постоење ќе се решава билатерално меѓу Македонија и Бугарија. Но, сакам да потсетам нешто – кога се зборува за куќата на Талев, се заборава фактот дека таа се наоѓа на 100 метри од црквата Свето Благовештение, културно-историски споменик на бугарската кауза во Македонија и бугарска црква од 1834 година.



Во близина на куќата на Талев се куќите на Тодор Кусев (митрополит Методиј Старозагорски, ревносен бранител на бугарштината во Македонија) и на бугарскиот министер за надворешни работи Иван Башев. Тука се наоѓа и првото бугарско училиште во дворот на црквата. Тука е просторот каде што бил центарот на читалиштето „Надежда“, како и куќите на Миникови, Небреклиеви, тука е и куќата на сопругата на еден од основачите на ВМРО Христо Батанџиев, тука е куќата на семејството Тошеви, на Пере Тошев, се е во радиус 100-на метри. Тука е и костурницата на хероите од Првата светска војна“.



Стариот прилепчанец споделува различни идеи како домот на Талеви да се искористи како бугарски културен центар во Прилеп. Го прашавме како ќе се однесуваат со името на Талев денес во градот, бидејќи тој како и многу други македонски Бугари е прогласен за фашист по 1944 година?!
„Мислам дека ќе има спорови околу името на Димитар Талев, не поради неговото инсистирање на фашизам, комунизам, национализам, туку поради неговата националност. Дали тој е Македонец или Бугарин? Каков што е проблемот со Вапцаров, за кој никој во Македонија не знае, дали е Бугарин или Македонец? Ако бил Македонец, зошто не знаел македонски?“.
Димитар Талев до пред 5 години беше апсолутно непознат во Северна Македонија, освен за неколкумина луѓе кои професионално се занимаваат со литература, вели Перев. Но неговото име и дело се зачувани во меморија на старите прилепчани, заедно со имињата на плејадата на угледни македонски Бугари од градот, како браќата Јордан и Димитар Чкатрови, Коста Црнушанов, Аспарух Миников, Тоде Кусев, и други. Новинарот со голема воздишка признава дека му е тешко да процени дали романите на Талев треба да се преточат во современата македонска книжевна норма.
„Ова е тешко прашање за човек како мене, кој знае да ги чита четирите балкански јазици, српски, хрватски, бугарски и македонски, кој добро ја познава литературата на овие земји – истакнува Владимир Перев. – Димитар Талев треба да биде пренапишан на бугарски со двојното „е“ и тогаш ќе биде многу поразбирлив отколку со „ја“.Кога Македонец како мене, кој го знае јазикот, го чита Димитар Талев, го чита и го разбира. Меѓутоа, кога и еден како мене , образован Македонец го чита „Тутун“ од Димитар Димов, тоа е потешко за разбирање. Зошто? Синтаксата, говорот, се е сосема друго. Ова е сосема друг бугарски јазик. А за Талев велат дека бил маестро на бугарскиот јазик, но тој бил мајстор за западните говори, не знам, немам став“.
Во 1944 година, Талев бил свесен дека Бугарија и Македонија повторно ќе се поделат. Како мост за поврзување на двата дела на татковината, почнал да го пишува романот „Железниот светилник“.
Поединечните поглавја од книгата најпрвин се објавени во весникот „Зора“, каде што работел заедно со литературниот критичар Јордан Бадев, како и прилепчанецот и истакнат бугарски новинар Данаил Крапчев.
„Прва асоцијација ми е весникот „Зора“, прва асоцијација ми е Данаил Крапчев и вујкото на мајка ми Јордан Бадев – ја продолжува својата приказна новинарот. – Ова се моите први асоцијации. Потоа доаѓа „Железниот светилник“, па доаѓа „Гласовете ви чувам”. Но меѓу овие две асоцијации , кога се спомнува Димитар Талев, покрај споменот на другите прилепчани од неговата околина е храмот Свето Благовештение во Прилеп, каде што е направен иконостасот“, вели Перев.
Затоа, надежта на прилепчани како Владимир Перев е дека ќе се зачува споменот на овие бугарски светилишта.
Фото: Иво Иванов