Зошто треба да влеземе во Уставот?

//

Пишува: Богдан

Октомври минатата година, бугарските здруженија од Македонија беа кај претседателот на Р. Бугарија, Румен Радев и меѓу повеќето барања, го истакнаа и барањето за внесување на Бугарите како дел од Уставот на Република Македонија. Идејата ги раздели чувствата помеѓу Бугарите од Македонија, а во некои се појави и отпор. Реакцијата за барањето на реципроцитет на денешните Македонци нема да ја коментирам, затоа што тоа е друга тема, а и бугарскиот Устав не го дозволува, што не е случај со македонскиот Устав.

После КСНС на Република Бугарија, претседателот Радев, на два пати подвлече и беше категоричен за признавање на Бугарите во Македонија како државотворен народ во Уставот на Македонија, како една од црвените линии на Бугарија за да го тргне ветото за преговори со ЕУ.

Кога ми ја споделија идејата, дека ќе бараме признавање во Уставот на Македонија наидов на отпор. До еден период од време, тврдевме дека сме еден народ со Македонците, дека имаме една и иста историја, дека разлика нема итн. Од друга страна, еден голем дел од населението на Македонија веќе се декларира како етничко македонско. Формирана е една нација, каква таква, со сите доблести и недостатоци (идеални луѓе нема никаде) која се смета за македонска и сметам дека таа определба, во 21 век треба да се почитува. Исто така, треба и да разбереме дека оваа Македонија не е истата од 1918 година. Како што јас веќе ја почитувам определбата на моите сограѓани Македонци, очекувам да ја почитуваат и мојата определба како Бугарин.

Идејата за текстов не ми беше да ја опишувам разликата во 21 век помеѓу Македонците и Бугарите, туку да повикам за обединување на македонските Бугари, околу идејата за нашето признавање во Уставот на Македонија. Нема како да не споменам за разликата, а тоа воедно би било и порака да Бугарите, кои што се против тоа да влеземе во Уставот, т.е. Јас и вие како Бугари, за наши дедовци ги сметаме Тодор Александров, Делчев, Даме Груев и една цела плејада на Преродбеници кои јасно и насекаде ја искажувале својата бугарска етничка припадност. Тодор Александров дури е подлабок во пишувањата, затоа што во своите писма спомнува “бугарско племе” насекаде. Тодор, кој што македонската историја долго време се обидува да го „реабилитира”, спомнува бугарско племе. Драги сограѓани Бугари, неможеме да кажеме дека сме исто со денешниот Македонец, кога денешниот Македонец пробува да ја промени народноста на одамна починати луѓе. Неможеме да кажеме дека сме едно и исто со денешниот Македонец, затоа што поголемиот дел од Македонците, се олицетворение на Мицкоски, Миленко Неделкоски, Латас…..Ако едно време било едно и исто, Македонец и Бугарин, дали денес можеме да направиме разлика кои се Македонците? Моите и вашите дедовци ги набројав кои се, додека дедовците на гореспоменатите Македонци можат да бидат сите од Лазар Колишевски до Васил Топурковски, но не и некој од Преродбениците.



Ова е воедно и апел, да ве повикам на обединување околу идејата за нашето вметнување во македонскиот Устав. Овој пат да ги закопаме секирите, да ја тргнема суетата и егото на страна, затоа што се работи за нас. За нашите права во Македонија. Се надевам наскоро, сакам да видам пратеник во македонското собрание, деклариран Бугарин. Сакам да видам судија Бугарин. Сакам во државната администрација да може да аплицираат Бугари, а не како до сега да се пишуваме во графа “други”. Ова ни е животна шанса да си ги оствариме нашите права.

КЦ Иван Михајлов, БККС…..и сите здруженија на Бугари во Македонија, партијата ГДУ, сите вие кои што имате можеби некакви недоразбирања помеѓу себе, оставете ги недоразбирањата на страна и обединете се околу нашиот национален интерес. За нас се работи и за нашите идни генерации кои што доаѓаат. За нашите деца да се горди на нас дека нешто сме направиле за нив . За нашите деца да не поминуваат преку катарзисот низ кои поминавме повеќето од нас, а дел од вас многу добро знаете каков е тој. Бидете горди Бугари и нека ја извојуваме оваа победа заедно, обединети. После тоа, секој по својот пат.



Претходна статија

Колозова- „чистата Македонка“

Следна статија

Двојно зголемена квотата за прием на студенти од РС Македонија во Бугарија

Најново од Истакнато