| |

Бугарски здруженија по палењето на дипломатските автомобили пред амбасадата на Бугарија: Некои помислија дека ќе нѐ исплашат, нашите редови се уште посплотени

Расположението кај македонските Бугари по палењето на двете дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје, останува со висок дух. Во разговори со претставници на неколку здруженија станува јасно дека меѓу претставниците на бугарската заедница нема чувство на страв, туку напротив, тие уште посилно се убедени во исправноста на нивните барања за рамноправност во РС Македонија.

,, Некои си мислат дека ќе не исплашат, но погрешно претпоставуваат. Овде не станува збор за криминален акт, и истиот не може да нѐ исплаши, а освен тоа и Бугарија како држава зазеде јасна позиција и стои позади нас. Нашите редови се уште посплотени”, вели претставник на едно од здруженијата на бугарската заедница за порталот Трибуна.

Потсетуваме дека вчера од страна на бугарските здруженија и нивни претставници стигнаа голем број осуди за палењето на бугарските дипломатски автомобили. Во нивните реакции здруженијата побараа брзо и ефикасно да биде откриен сторителот и истиот да биде изведен пред лицето на правдата.



Слични Објави