Бугарскиот државен врв ќе учествува во одбележувањето националниот празник 3 Март во Софија

Бугарскиот премиер Андреј Ѓуров ќе учествува во церемонијата на подигање на националното знаме на Бугарија по повод националниот празник – 3 Март, соопшти владината прес-служба. Настанот ќе се одржи утре од 11:00 часот пред храм-споменикот „Св. Александар Невски“, каде премиерот ќе го прими почесната гарда на претставничките единици на Бугарската армија и ќе им оддаде почит на загинатите за слободата на Бугарија.

Од 18:30 часот на плоштадот „Народно собрание“ Ѓуров заедно со претседателката на бугарскиот парламент Раја Назарјан и претседателката на Бугарија ќе присуствува и на свечената почесна стрелба по повод националниот празник. На настанот ќе присуствуваат и пратеници од бугарскиот парламент.

Во врска со чествувањата, градот Софија воведува привремена организација на сообраќајот.



Слични Објави