| |

БУГАРСКИОТ ИСТОРИЧАР ПРОФ. С. ЕЛД’РОВ: ЗАЕВ СЕ ОДНЕСУВА КАКО ИГРАЧ НА КАРТИ КОЈ ГУБИ НО НЕ ПРЕКИНУВА ДА СЕ НАДЕВА

„Изјавите на Зоран Заев ми личат на реакција на играч на карти, кој губи, но не прекинува да се надева“, изјави во интервју за бугарската агенција „Фокус“, бугарскиот историчар проф.д-р Светлозар Елд’ров од Инстититутот по балканистика со Центар за тракологија кон БАН.

Според него македонскиот премиер се надева дека следното делење на картите че му донесе посилна рака или пак дека некој ќе ги смени веќе обележаните карти.

„Не дека нема да има такви обиди, но какви и да се резултатите од претстојните избори кај нас, бугарското општество покажа дека мнозинството ја поддржува рамковната позиција од 9 октомври 2019 и дека нема да дозволи слободни политички изведби. Г-нот Заев треба да е загрижен какви карти ќе му се паднат по пописот во РС Македонија, што треба да се одржи во април годинава“, вели бугарскиот историчар.



Слични Објави