|

Бугарскиот конзулат во Солун стапил во контакт со заглавените Бугари во Грција

Бугарскиот генерален конзулат во Солун ги контактирал Бугарите во грчкото село Милина, на полуостровот Пелион, информираат за БНР роднините на Бугарите заглавени во Грција.

„Два дена немаме вода. Има и други Бугари околу нас. Гледаме автомобили, си пишуваме пораки. Нема мобилна мрежа и затоа не можеме да разговараме, нема струја за да ги наполниме телефоните.Во соседна куќа има уште двајца Бугари на 50 м од нас. За самото село Милина не знаеме бидејќи сме на 2 км надвор од него.Знаеме дека има и други Бугари блиску до нас во горните села малку погоре во планините, но не можам да кажам детали“, изјави вчера за БНР Силвија Јорданова, Бугарка заглавена во Грција.

Роднините на заглавените бугарски државјани информираа и дека ќе им бидат обезбедени вода и храна за наредните денови, а се очекува евентуално обновување на мостот и евакуација од областа.

Слични Објави