Бугарскиот културен клуб во Битола „Иван Михајлов“ веќе е реновиран
Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола веќе е реновиран. Ова го соопшти фондацијата „Бугарска памет“ на големиот бугарски научник, бизнисмен и мецена д-р Милен Врабевски.
„Вака изгледа реновираната фасада на Центарот за култура „Иван Михајлов“ во Битола, Република Северна Македонија, кој беше опожарен на почетокот на јуни годинава. Реновирањето го финансираше д-р Милен Врабевски“, стои во соопштението на фондацијата „Бугарска памет“.
„Потсетуваме дека д-р Врабевски е главен донатор на Центарот за култура. Основачот на Фондацијата Бугарска памет долги години посредува во комуникацијата на Центарот со Бугарија, ги финансира неговите активности и дава бројни донации, од кои некои вклучуваат опремување на клубот, обезбедување автомобил за потребите на работниот тимот, покривање на месечните трошоци на организацијата, тековни поправки, помагала за обука и поддршка за регистрација на бугарско неделно училиште таму“, велат од фондацијата „Бугарска памет“.
