| |

Бугарскиот министер за образование и наука Сергеј Игнатов предложи 20 април да стане официјален празник во Бугарија

Министерот за образование и наука на Бугарија Сергеј Игнатов предложи 20 април да стане официјален празник – „Ден на бугарскиот хероизам“. Тој ја изнесе иницијативата во Видин, при посета на СУ „Св. св. Кирил и Методиј“ по повод 150-годишнината од Априлско востание, јавува БТА.

„Апсолутно сум убеден дека во блиска иднина Бугарија ќе го прифати 20 април како официјален празник. Нашата гордост и идентитет има три столба: Априлското востание, Соединението и Независноста“, изјави Игнатов.

Тој ги повика учениците да ги надминуваат стравовите, посочувајќи го примерот на револуционерите од 1876 година. „Најголемата победа е да ги победите стравовите и да се ослободите од нив. Ако не се обидете, нема да успеете“, рече министерот.

При посетата, учениците изведоа литературно-музичка програма посветена на револуционерите од Априлското востание, со пораки за слободата како избор и храброст. Игнатов најави дека целата година ќе биде посветена на бугарскиот хероизам, во рамки на кампањата „Зборовите на слободата“.

На средба со локалните власти во Видин, тој истакна дека основањето универзитет во градот е клучно за развојот на регионот како образовен и духовен центар.



Слични Објави