Мелбурн: Македонците во Австралија делеле летоци напишани „на македонскиот дијалект на бугарскиот јазик“

//

Леток дистрибуиран меѓу странците во Мелбурн, отпечатен на македонскиот дијалект на бугарскиот јазик, тврди дека Комунистичката партија на Австралија е единствената партија во Комонвелтот која ги штити интересите на сите странци, вклучително и на Македонците.

Ова се наведува во писмо на Канцеларијата на јавниот обвинител во Канбера до министерот за внатрешни работи на Австралија од март 1935 година, чиј текст го доби БГНЕС.

„Во септември 1934 година бевме информирани дека група Македонци во Мелбурн поднеле барање до полицијата за дозвола да формираат Македонски политички клуб.

Барателите доставија копија од уставот и подзаконските акти на Сојузот на македонските политички организации на САД и Канада и изјавија дека предложениот клуб ќе донесе таков устав.

Главните точки во уставот се однесуваат на слободата на Македонија и формирањето на Република Македонија“, се вели во документот.

Обвинителството посочува дека меѓу странците во Мелбурн биле дистрибуирани „флаери печатени на македонскиот дијалект на бугарскиот јазик“, во кои се тврди дека Комунистичката партија на Австралија е единствената партија во Британскиот Комонвелт која ги штитела интересите на сите странци, вклучително и на Македонците.



Во него се наведува дека се барале информации „во странство за можноста македонското движење да биде инспирирано од Коминтерната“, бидејќи на тогашните власти им било добро познато дека Комунистичката партија се обидувала да користи такви национални политички клубови за да ги постигне своите цели.

„Добро ни е познато македонското прашање и не ја изгубивме од вид можноста еден таков клуб да стане плодна почва за македонските револуционерни заговори и на тој начин да ја вклучи Заедницата во меѓународен спор“, се додава во писмото.

Се нагласува дека нема правна основа да се одбие формирањето на таков клуб, но властите во Австралија внимателно ќе ги следат неговите активности и навремено ќе го информираат Министерството за внатрешни работи „за било каков развој на настаните“.

Претходна статија

Група пациенти излечени од Ковид-19 во клиниката Жан Митрев со поддршка за сопственикот

Следна статија

Во Финска прва средба во рамки на заедничкиот механизам меѓу државата, Шведска и Турција

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи