ЗУКОРЛИЌ: ПОТРЕБНА Е НОВА ВЛАДА И НОВ ПРЕМИЕР ВО СРБИЈА

Претседателот на Партијата за правда и помирување (СПП) и поранешен главен муфтија на Србија, Муамер Зукорлиќ, по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави дека на Србија и е потребна нова влада и премиер со многу поголем кредибилитет бидејќи сегашната влада го дала својот максимум.

Зукорлиќ повтори дека СПП ќе биде сериозен фактор во владата или опозицијата. Тој додава дека на оваа средба со Вучиќ на дневен ред не биле функциите, за коишто ќе се разговара најверојатно во наредните денови.