ПЕТАР КОЛЕВ: ПОПУЛИЗМОТ НА ТЕВДОВСКИ СО ПРОГРЕСИВНИОТ ДАНОК Е НАВРЕДА ЗА РАБОТНИЦИТЕ
Петар Колев изјави дека мерката на Владата за воведување на прогресивен данок е чиста форма на левичарски популизам со цел да се создаде слика пред јавноста дека Тевдовски и Царовска се борат против сиромаштијата. Лидерот на Граѓанско демократска унија, истакна дека данокот ќе удри по високо квалифицираните работници и фриленсерите, кои не работат во државната администрација, кои се и најплатени на пазарот на труд. Според него на нив нема да им остане друга опција освен да си ги подготват куферите и да си заминат од државата. Колев го потсети Тевдовски дека Македонија не е Данска, и како земја во разво и не може да си дозволи да губи со лесна рака високо квалифицирани кадри.