| |

Нови истражувања за Бугарите водени од Алцек во регионот Молизе во Италија

Истражувањата за Бугарите водени од Алцек, населени во регионот Молизе во Италија во VII век, добиваат засилен научен интерес. Темата се разви во значајна иницијатива за популаризација на заедничкото културно-историско наследство на Бугарија и Италија на ниво меѓународна академска соработка, благодарение на активностите на историчарката Росица Лазарова и нејзините контакти со италијански научници, јавува Радио Бугарија.

Во 2020 година, со поддршка на Бугарскиот културен институт во Рим, Лазарова го реализира документарниот филм „Алцек и Бугарите во средновековна Италија“, посветен на археоложката Валерија Челија и истражувачот Винченцо Д’Амико.

Круна на соработката беше посетата на бугарските археолози Тодор Чобанов и Андреј Алаџов во Молизе, на покана на Националниот археолошки музеј. Тие се сретнаа со свои италијански колеги и институции, при што беа поставени основи за нови заеднички истражувачки проекти.

„Резултатите од посетата ќе бидат основа за нови интердисциплинарни истражувања и идни заеднички научни проекти“, изјави Росица Лазарова за Радио Бугарија.



Слични Објави