| |

Бугарскиот новинар Христо Грозев со ново истражување објавено во угледен светски медиум, овој пат за т.н. Синдром Хавана

Едногодишната истрага на „Инсајдер“, во соработка со „60 минути“ и германскиот медиум Шпигел, откри докази кои сугерираат дека необјаснетите здравствени инциденти познати како „Синдром на Хавана“ можеби биле предизвикани од употребеното енергетски оружја со акустична насока, користени од членови на руската единица ГРУ 29155, пишува на својот профил во социјалната мрежа Facebook бугарскиот новинар и ИТ специјалист Иван Панчев Иванов, повикувајќи се на материјал објавен во The Insider.

Истата единица беше вклучена во голем број обиди за атентати во Русија и во странство, како нападот врз Скрипал, бугарскиот претприемач Гебрев и неговиот син, труењето на Навални во 2020-тите. Информациите укажуваат дека истата единица е одговорна за серија експлозии во складишта за муниција во Бугарија и Чешка, во кои загинаа десетици луѓе.

Конкретно, „Синдромот Хавана“ се здоби со популарност во 2016 година, кога дипломатите од американската мисија во Хавана се пожалија на ненадејни здравствени проблеми, главно поврзани со мозокот и слухот. После тоа, овие поплаки почнаа да се повторуваат и во други земји, секогаш кај американски дипломати (има неколку случаи и со канадски). Последните вакви инциденти се од Безбедносниот форум Хелсинки 2023 година.

Христо Грозев успеал да дојде до документ кој докажува дека се работи за акустично оружје кое со насочени бранови од далечина ја удира жртвата.

Како што се покажа во истрагата, повредите се често тешки за жртвите – оштетување на мозокот, вртоглавица, силна главоболка, губење на слухот, зуење во ушите. Се чини дека многу од засегнатите биле трајно онеспособени, што очигледно била целта на операцијата. Стотици луѓе се погодени. Во некои случаи станува збор и за вработени во ЦИА, се наведува во материјалот на кој се повикува Иванов.

Слични Објави