| |

Бугарскиот премиер Радев по средбата со Руте: НАТО ја следи состојбата и е подготвен да им помогне на Бугарија и Романија

НАТО ја следи состојбата во Црното Море и е подготвен да им помогне на Бугарија и Романија да ги зајакнат капацитетите за противдејство на дронови и за поморски надзор по последните напади врз трговски бродови, објави бугарскиот премиер Румен Радев на социјалната мрежа Икс, пренесува БТВ.

Објавата следува по денешната средба во Брисел на Радев со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и со романскиот претседател Никушор Дан.

Радев му се заблагодари на Руте за јасната порака дека „безбедноста во Црното Море е безбедност на источното крило“.

„Бугарија повикува на заеднички напори за безбедноста на пловидбата во Црното Море“, напиша Радев.

Слични Објави