| |

БУГАРСКИОТ САЈТ „ПИК“ ГИ ПРЕНЕСЕ ПЦОВКИТЕ И ОМРАЗАТА КОН ОРГАНИЗАЦИОНИОТ СЕКРЕТАР НА ВМРО ЈУЛИАН АНГЕЛОВ И БУГАРИЈА

Бугарскиот сајт „Пик“ ги пренесе реакциите предизвикани од ставот на пратеникот и организационен секретар на ВМРО Јулиан Ангелов, кој беше објавен на порталот Трибуна.

„Жестока агресија, пцовки и навреди се излеваат на Фејсбук против Бугарите. Ова е мал дел од ситуацијата која се случува моментално во нашата соседна земја. Под медиумско издание, каде што е пренесена изјавата на пратеникот од ВМРО Јулиан Ангелов, се излива омраза и пцуење кон сите Бугари. Не недостигаат и коментарите дека Бугарија ја украла историјата на Македонија и сега сакаме да се откажат од неа.
„Ова е резултат на лажната бугарска историја. Учениците и студентите изучуваа само империјалистичка и шовинистичка историја, до каде се протегаат „бугарските територии“. Нека дојде во Македонија и ќе го види вистинското лице на неговота мала Бугарија со сите периоди на турското владеење, бугарските воини, Првата и Втора светска војна и сл. “, гласи еден од коментарите.

Повеќето користат пцовки и сурова омраза кон Бугарите, по што не се поштедени и политичарите во Македонија.

Потсетуваме дека токму поради непочитувањето на Договорот за добрососедство меѓу двете земји, бугарската влада одлучи да не даде зелено светло на Македонија за членство во ЕУ. Главната причина е континуираниот говор на омраза дури и кон претставниците на нашата влада, а во овој број влегува и вицепремиерката Екатерина Захариева, кои беа навредени на крајно грд начин.

Веќе некое време, во Македонија постои широко распространето верување дека ако ВМРО на Красимир Каракачанов не влезе во следниот парламент, Македонците нема да имаат никаков проблем по патот на ЕУ и сѐ ќе им биде дозволено“, се вели во написот на бугарскиот сајт „Пик“.

Слични Објави