Бугарските научници во бугарската база на Антарктикот започнуваат работа
Бугарската антарктичка станица на островот Ливингстон „Св. Климент Охридски“ беше успешно деконзервирана и веќе има електрична енергија до сите објекти на базата. Ова доцна синоќа со сателитски телефон од Антарктикот го соопшти командантот на станицата за време на 32-та Национална антарктичка експедиција, јавува БГНЕС.
Истражувачкиот брод 421 „Св. Кирил и Методиј“, што го фрли сидрото во 7 часот наутро на 4 јануари, по бродско време, во Јужниот Залив, веќе ја истоварува опремата на брегот. Паралелно со истоварот на багажот се вклучи и водоводот.
Добрата вест е што се чини дека станицата не претрпела сериозни оштетувања од неповолните временски услови во зимскиот период кога е ненаселена. Сите учесници во експедицијата се во добра здравствена состојба по долгото патување и полни со ентузијазам за реализација на зацртаната програма, известија од бугарскиот антарктички институт на чело со проф. д-р Христо Пимпирев.

