Бугарските новинари кои беа нападнати со камења близина на Босилеград, дале изјави пред српското обвинителсто

//

Бугарските истражувачки новинари од емисијата „Трагите остануваат“ на Бугарската национална телевизија, кои беа нападнати на 14 јуни со камења кај рудникот Караманица над Босилеград, дале изјави пред српското обвинителство за нападот.

Авторот и продуцент на емисијата Богдана Лазарова, снимателите Димитар Славов и Николај Андреев и техничарот Роберт Вецов се повикани во обвинителството во Владичин Хан, Србија, како сведоци и жртви на нападот извршен од директорот на Рудник Босил-метал Миодраг Вукајловиќ и неговите вработени. На давањето искази присуствувал и генералниот конзул на Бугарија во Ниш Димитар Цанев.

По инцидентот, амбасадорот на Република Србија, Желко Јовиќ, е повикан на средба со заменик министерот за надворешни работи Васил Георгиев.

МНР остро го осуди инцидентот и ги повика српските власти да спроведат брза истрага за случајот и да ги казнат виновниците и изрази став дека насилството врз новинарите за време на извршувањето на нивните професионални должности е спротивно на стандардите за слободно и непречено вршење на новинарската професија.



Комитетот за заштита на новинарите го осуди нападот врз бугарскиот новинарски тим.

Амбасадорот Јовиќ увери дека инцидентот е самоволен чин на хулиганство и нема националистички мотив. Тој изјави дека српските полициски власти ги спровеле сите процедури пропишани со Кривичниот законик на Србија за да ги идентификуваат виновниците и додаде дека тие ќе одговараат според Кривичниот законик на Србија за „загрозување на животот и физичкиот интегритет на служебни лица кои даваат информации од јавен интерес“.

Министерството за надворешни работи на Бугарија преку бугарската амбасада во Белград и генералниот конзулат во Ниш ќе продолжи да ги следи случувањата во случајот, информираат од МНР за БНТ.

Претходна статија

Бугариja ја отфрилила нотата на Русија

Следна статија

(Во живо) Прес-конференција на премиерот Димитар Ковачевски и владината коалиција за францускиот предлог

Најново од Вести