БУГАРСКИТЕ „ПРОПАГАНДИСТИ“ НЕ СПИЈАТ

Бугарските „пропагандисти“ не спијат. Уште од турско време се обидуваат да докажат дека ние Македонците сме Бугари. За таа цел Бугарите со векови ги користат патеписците низ Македонија и Отоманската империја за да „наоѓаат“ Бугари во Македонија. Погледнете ги само примерите за таа светска срамота и светски заговор против македонштината:

Двете „бесрамнички“ Џорџина Мјур Мекензи и Аделина Ирби во 1860- тите напишале:

loading...

„Ние рековме дека Солун е географски бугарски, со други зборови, тоа е едно од пристаништата на таа земја со словенско-јазично население која се протега од Егејското Море до Дунав.“

Покрај Солун кој што го сместиле во Бугарија, тие измислуваат Бугари низ целата Егејска Македонија како што е во Ениџе-вардарско и во Сер.


„Ениџе има околу 6000 куќи, пола од тие бугарски, пола турски.“

„….недалеку од градот Сер, почвата е толку поволна за таа култура, што човек кој што ќе посади третина декар со памук ќе направи профит од 60 фунти. Оваа култивација е во рацете на Бугарите…“

Неколку децении пред нив, уште еден британски бугаризатор Вилијам Мартин Лик во 1835та пишува дека ја патувал северна Грција, иако е јасно дека зброува за Егејска Македонија. Тој во Сер ќе напише дека има:



„ Популацијата е проценета на 15.000 Турци, 5000 грци и бугари и неколку фамилии евреи.“

За Воден, пак ќе каже:

„Водена, така наречена според бугарскиот Вода, со грчка наставка, во алузија на неговите многу води, е епископска метрополитија која е составена од 100 села со бугарски христијани кои генерално не го познаваат грчкиот јазик“.

Очигледно на бугарските манипулатори им се омилени англиските извори, па така го имаме и Едмунд Спенсер кој во 1850та пишува:



„ Популацијата на Скопје се состои од арнаути, евреи, ерменци, цинцари, грци, бугари и срби кои заедно се преку 12.000“.



loading...

Да не остане само на англичаните, имаме и руски бугараши како Виктор Григоревич кој во 1848ма пишува за Охрид:


“На одном из них возвышается митрополия, на другом окруженный стеною дворец Джелелядина, известного сподвижника Алипаши янинского. Первому дано название Варош, и здесь обитают Болгаре”

Бугарската пропаганда не застанува со руси или англичани. Таа за своја корист ги исползува услугите и на германци. Еден таков е Јоханес фон Хан кој што во 1868 ќе напише за своето патување од Белград до Солун. Само за еден безобразен пример ќе го земам Куманово да ви претставам драги читатели како го опишува овој безобразник.

„ Куманово лежи на сливот на Липковска реека, кој доаѓа од Карадаг, во Велика, кои се спојуваат на северниот крај на градот. Градот има 650 куќи, од кои 300 се муслимани и 350 се христијански -бугарски и исто така 30 цигански колиби, што треба да резултира со население од околу 3500 души. Пред триесет години се вели дека било мало село со 20 христијански и исто толку турски куќи, и сè уште рапидно расте, што се става на најмалку 20 куќи годишно.“


Овој бесрамник барем да пишувал за верници, но за жал Егзархијата ќе биде создадена години после неговите патувања.

Автор: Маузер