(ВИДЕО) ДЕТЕ ЗАГИНА ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ПЕТРИЊА, ПОД РУШЕВИНИТЕ СЕ СЛУШААТ ПОВИЦИ ЗА ПОМОШ
Силен земјотрес и денеска ја погоди Хрватска, а епицентарот на потресот со јачина од 6,3 степени повторно беше во близина на градот Петриња, иако беше силно почувствуван низ цела Хрватска, па и во поширокиот регион.
Сите служби во хрватскиот град кој е најпогоден од потресот се мобилизирани и на терен за да им помогнат на граѓаните.
„Вресоци и извици се слушаат на снимките на телевизијата Н1, чии репортери се јавуваат во живо“, пренесува порталот „Индекс“, а според првичните податоци, сцените се страшни и има повредени и загинати.
Во Петриња има сериозна материјална штета.
„Извлекуваме луѓе од автомобили, не знаеме дали има многу мртви и ранети, слушнав дека се урнала градинката, но, за среќа, немаше деца во неа“, рече во првична изјава градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, кој потврди дека во потресот загинало едно дете, а дека на неговата мајка ѝсе пружа помош.
„Постои општа паника, луѓето ги бараат своите“, додаде тој, повикувајќи секој што може да помогне на Петриња, особено професионалните пожарникари и армијата.
Извор: Макфакс