| |

Бугарските служби: Северна Македонија не ги почитува договорите со нашата земја

Република Северна Македонија не ги почитува договорите со Бугарија и покрај одобрението за почеток на преговорите на Скопје со ЕУ во 2022 година. Ова стои во извештај на бугарската безбедносна служба ДАНС јавува БГНЕС, пренесува Фактор.

„И покрај одобрувањето во 2022 година на почеток на преговорите на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија, очекувањата за одржливо и неповратно почитување на договорите со Бугарија од страна на Скопје, се забележува значителна регресија, вклучително и во однос на прашањата поврзани со заштитата на правата на лицата со бугарска самосвест и говорот на омраза“, се нагласува во документот.

Бугарската безбедносна служба известува за зголемување на тензиите на Западен Балкан во текот на изминатата година. ДАНС предупредува дека зголемената конкуренција меѓу геостратешките фактори ги стимулира големодржавните и реваншистичките амбиции.

„Се инструментализираат етничките и верските специфичности за да се наруши државниот суверенитет и територијалниот интегритет. „Илегалната миграција, како и радикализацијата и ширењето на верскиот екстремизам, продолжуваат да имаат негативно влијание врз процесите во регионот“, наведуваат од ДАНС.



Слични Објави