| |

Бугарско-американската полициска асоцијација додели стипендии на Бугари во САД

Стипендии во износ од 1000 американски долари додели Бугарско-американското полициско здружение (Б.А.П.А.) на студентите Ричард Георгиев и Дијана Гечева. Ова станува јасно од објавата на Фејсбук страницата на Здружението, цитирана од БТА, јавува БНР.

Стипендиите се именувани по покојниот полицаец Владимир Малеев, кој служел во полициските сили во градот Филаделфија, а починал за време на извршување на својата должност во 2021 година. Тие се доделуваат на Бугари кои сакаат да го продолжат своето високо образование во САД. Пред неколку дена Бугарско-американската полициска асоцијација ѝ додели стипендија и на студентката Стефани Филчева.

Б.А.П.А. е организација со членови со бугарско потекло кои работат во американските агенции за спроведување на законот. Создадена е од Бугари кои работат како полицајци, шерифи и агенти во САД и прави добротворни иницијативи и спонзорира бугарски студенти.

Слични Објави