Ибраими: Фондовите од САД и од ЕУ ги хранат Македонците, a тие сонуваат за Путин

/

„Македонците продолжуваат да сонуваат за Путин и за православното братство, иако **** Македонија е членка на НАТО. Тие се хранат од фондовите американски и од државите на ЕУ, но без потреба продолжуваат и да го сакаат ‘српскиот свет’ и прикриено да ја поддржуваат ‘денацификацијата’ на Украина, со можност таа да се пренесе и во Западниот Балкан.“ – вели Селим Ибраими од Македонија, доктор по политички науки и аналитичар на геополитички и безбедносни прашања во Европа и на Балканот, во својата колумна со наслов „Руската туристичка шпионажа фрла светлина врз новото влијание на Балканот“, која ја објави телевизијата на албански јазик „Шења“ на својата интернет-страница.

Покрај другото, Ибраими пишува: „Несфатливо е како државите со етнички и верски мешано население успеваат да ја одржат рамнотежата меѓу Москва, ЕУ и САД. Специфичен случај, освен Србија, е и **** Македонија, во која, иако е членка на НАТО, македонскиот дел од населението продолжува да сонува за Путин и за православното братство.“

„Апсурдот станува поголем кога се знае дека македонското население се храни од фондовите американски и од државите на ЕУ, додека без потреба продолжува да го сака ‘српскиот свет’ и прикриено да ја поддржува ‘денацификацијата’ на Украина, со можност оваа атмосфера да се дистрибуира и во Западниот Балкан.“

„Русите долго време се распространети на југот од балканскиот регион. Руското разузнавање заедно со диверзантски субверзивни групи може да ги нападне земјите од Западниот Балкан без ниеден проблем. Со години Русија на Путин и Медведев им се умилкуваше на многу земји и лидери, почнувајќи од Будимпешта, Белград и се до Скопје, надевајќи се дека ќе обезбедит партнери за спроведување на политиките за манипулирање.“



„Во балканскиот регион не е исклучена можноста за избувнување мали и изолирани судири, колку да се исполнат целите било на ‘српскиот свет’, било на руската ‘денацификација’. Мобилизирањето локални доброволци и на оние надвор од Балканот останува уште еден предизвик за Босна и Косово, не исклучувајќи ја и **** Македонија. Има информации дека во Молдавија дејствуваат руски единици, но нема информации дали таквите руско-српски паравоени формации, со чеченски состав, се поддржани од Србија на Балканот.“

„Во овој момент руското влијание е видливо на полето на пропагандата, односно преку полнењето на умовите на словенските граѓани на Балканот дека Русија ја добива војната во Украина и во одржувањето на регионалното православно братство во живот.“

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Од долгиот ковид страдаат 17 милиони европејци

Следна статија

Втор ден заседава Комисијата за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија

Најново од Вести