|

Блинкен: Војната на Путин во Украина е стратешки неуспех

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, денеска во Атина изјави дека војната на рускиот претседател Владимир Путин против Украина е стратешки неуспех.

„Една година откако претседателот Путин ја нападна Украина, јасно е дека неговата војна е стратешки неуспех во секој поглед“, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендијас, во Атина.

Зборувајќи за Иран, Блинкен рече дека на Техеран е да се вклучи во соочувањето со предизвикот на неговата нуклеарна програма, пренесе „Танјуг“.

Слични Објави