БУГАРСКО-МАКЕДОНСКАТА КОМИСИЈА ЗА ИСТОРИЈА ЌЕ ПРЕДЛОЖИ ЗАЕДНИЧКО ЧЕСТВУВАЊЕ НА СВ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ, СВ НАУМ ОХРИДСКИ И ЦАР САМОИЛ
Заедничко чествување на историски ликови поврзани со заедничката историја на Бугарија и Македонија ќе биде предложено од страна на за бугарско-македонската комисија за историја, тоа го соопшти претседателот на бугарската страна во комисијата проф. Ангел Димитров, во етерот на бугарската Нова телевизија.
На последната средба на комисијата е предложено заедничко чествување на историски ликови од времето на Средниот век, а имено Св. Климент Охридски, Св. Наум Охридски и Цар Самоил. Димитров додава дека има идеја за заедничко чествување и за Глигор Прличев.
Целиот разговор со проф. Димитров можете да го видите овде.