Бугарското МНР демантира дека проширило дипломатска нота поврзана со посетата на семејството на Христијан Мицкоски
Бугарското Министерство за надворешни работи демантира дека проширило дипломатска нота поврзана со посета во Бугарија на семејството на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, јавува БГНЕС.
„Министерството за надворешни работи нема проширено дипломатска нота или друга официјална кореспонденција поврзана со посетата во Бугарија на членови на семејството на официјален претставник на друга држава“, велат од МНР на Бугарија.
„Информацијата што во последните денови се шири во јавниот простор се однесува на вербална нота од 6 јануари 2026 година и се однесува на одамна минати настани. Во овој момент оваа информација не може да се смета како основа за заклучоци дека постои непосредна опасност за безбедноста на граѓани на Бугарија или на друга држава. МНР ѝ придава исклучително значење на заштитата на дипломатската кореспонденција и строго ги почитува утврдените меѓународни правила и практики во оваа област“, прецизираат од Министерството за надворешни работи на Бугарија.

