Бугарското МНР го поздрави ослободувањето на бугарската државјанка Даниела Гилбоа, која беше во плен на Хамас
Бугарија со големо олеснување и радост го поздравува ослободувањето на бугарската државјанка Даниела Гилбоа, заложничка на Хамас. Овој позитивен развој е резултат на интензивните дипломатски напори во кои Бугарија активно учествува, јавува бугарското МНР.
Бугарија изразува посебна благодарност до Катар, Египет и САД и лично до емирот на Катар, неговото височество шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, чијашто одлучувачка улога и лична посветеност во посредувањето беа клучни за постигнувањето на договорот за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците. Се надеваме дека во блиска иднина сите други заложници, вкл. другиот заложник со бугарско државјанство – Матан Ангрест ќе се врати кај своите роднини.
Бугарија ќе продолжи да ги поддржува напорите на меѓународната заедница за целосно спроведување на овој договор, што ќе доведе до ослободување на сите преостанати заложници, како и до траен прекин на насилството и создавање услови за мир и стабилност во регионот.
Бугарија останува посветена на напорите за заштита на своите граѓани и, во исто време, продолжува да ги поддржува сите меѓународни иницијативи насочени кон постигнување долгорочен мир и безбедност.

