Бутарис: Наместо да им помогнеме на нашите соседи, ние ги нарекуваме цигани од Скопје

//

Наместо да им помогнеме на нашите соседи, ние ги навредуваме со зборови како Цигани од Скопје. Ова го изјави градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, во врска со спорот за името меѓу Република Македонија и Грција.

“Ние ќе изгубиме многу работи. Ќе го загубиме нашето достоинство во НАТО и ЕУ. Ние не му помагаме на нашиот сосед, кој се наоѓа на крстосница и како мало дете е во потрага по својот идентитет. А, всушност ние што правиме? Ние ги пцуеме и ги нарекуваме Цигани од Скопје “Како изгледа тоа”, изјави Бутарис за локалните медиуми.

Според него “преговорите се водат од страна на владата, и никој нема право,  да кажува како да се водат овие разговори”. Бутарис ја повтори потребата за решавање на спорот за името.



“Мојата позиција по ова прашање е да се прифати име според одлуките од самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година. Второ, мора да се исполнат барањата од Привремената спогодба – таму јасно е напишано откажување од секакви иридентистички активности. Сето ова да се исполни во две фази. во првата да се постигне договор за името, а во втората – во период од 3 или 5 години да се исполнат обврските од Времената спогодба. Не е лесно да се променат учебниците. во текот на 100 години тие луѓе се нарекувале и се нарекуваат Македонци ” , рече уште градоначалникот на Солун, Бутарис.

Претходна статија

Макфакс: Прес-конференција на Никола Димитров и Метју Нимиц (ВО ЖИВО)

Следна статија

Времето денес: облачно со дожд и ветер

Најново од Вести