ОД TOTO CUTUGNO ДО BELLA CIAO

Пред година-две се прашував „каде ќе се игра новото светско, во Унгарија, Украина или…?“. Очигледно „големите дечки” и едно постаро чупче веќе започнаа со загревањето. Пак ќе се запрашам каде, но не е ни воопшто важно тоа туку поважн е кога.


Да почнеме да враќаме чекор по чекор. Пред секоја „голема забава“ имало голема економска криза, а пак пред неа косела чума… Актуелната чума не се знае кој на кого му ја насамарил, кој со кого и што договор направил, едните бучни, другите тивки и… Сѐ си е во ред и по планот, само непознат е бројот кој е предвиден на колатералната штета.


„Загревањето“ според СЗО до вчера е 190 региони, околу 335.000 заразени и нешто помалку од 15.000 жртви. Сѐ е по малку чудно со оглед на одлуките, стратегиите, справувањата и бројките…


Чудна е неподадената рака на ЕУ кон Италија, но затоа тука се Кина, Русија и Куба, па ако Toto Cutugno во 92-ра ја обединуваше, денес низ Италија сините знамиња се симнати и заменети… а да не заборавиме и Brexit не беше така одамна. Денес Германија себично се чува, си увезе жива сила за потребите на истиот капацитет, Франција бара итна средба на Г20, Турција никако да се нагоди со Европа, инцидент на Кипарската граница помеѓу НАТО и НАТО, на Балканот наметнување на лидери едниот Европски, другиот Евро-азиски и сѐ е во ред па и ние за некој ден официално во НАТО и кај да е датум за преговори ако не е веќе доцна и се разбира ако го добиеме. Америка редовно е во загрижена позиција па распоредува војска по потреба, а Русија некако е многу тивка во целиот муабет… дали можеби како и обично има џентлементски договор или има кој да ја застапува? Па и не е така важно кога веќе тие си се договориле, а и никој од нив не излезе позитивен на корона вирусот…

Автор: Благојче Трајковски, претседател на ГДУ-Битола