Времето денес: облачно со дожд и ветер
Променливо облачно време со повремен дожд ќе преовладува денеска во Македонија. Врнежите ќе почнат од запад, а послаби врнежи ќе има на исток и во централните делови. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од нула до седум степени, а дневната од шест до 16 степени.
Во Скопје слично време со утринска температура до еден степен и дневна до 13 степени.


